Модниот дизајнер Питер Најгард виновен за сексуално злоставување на четири жени
Модниот магнат Питер Најгард, кој има финско и канадско државјанство, вчера во Торонто, Канада, е прогласен виновен за сексуално злоставување на четири жени.
Инаку, шест точки од обвинението против Најгард (82), се однесуваа на четири жени и едно тогаш 16-годишно девојче, за дела извршени во периодот од 1988 до 2005 година. По седумнеделното судење и петдневно разгледување, поротата утврди дека тој не е виновен само за сексуална злоупотреба кон една од тужителките и не е виновен за присилно задржување. Пресудата ќе биде формулирана подоцна.
Адвокатот на милионерот, Брајан Гринспен не ја исклучи можноста за жалба.
Покрај во Торонто, на поранешниот моден дизајнер ќе му се суди и во две други канадски провинции - Квебек и Манитоба, за слични обвиненија. Покрај тоа, предвидено е Најгард да биде екстрадиран во САД, каде што е обвинет за рекет и трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, за дела извршени во периодот од 1990 до 2020 година.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска