Модна ревија со пораки за намалување на родовата нееднаквост
Фондацијата „Фридрих Еберт“ -канцеларија Скопје во рамки на глобалната кампања на Обединетите нации „16 дена активизам за намалување на родово базираното семејно насилство“, вечер од 19 до 21 часот во Кино Култура ќе организира модна ревија насловена: „ВКЛУЧИ СЕ #СоСрцеЗаСекојаЕдна“.
- Модната ревија нема да биде иста како „вообичаените“ модни ревии – манекенки/модели ќе бидат жените-хероини од нашето секојдневие кои самите ќе упатуваат пораки до целата јавност. Лица како Мерсиха Смаиловиќ, Љуљета Адеми, Билјана Димова, Михаела Иванова и многу други ќе продефилираат со своите пораки за намалување на родовата нееднаквост и намалување на семејното насилство, соопшти организаторот.
Повремено ќе излегува по една говорничка од публика која директно од своето место ќе оди на бината и ќе има кратко обраќање. Говорнички се Ленче Ристоска, Уранија Пировска, Ана Василева, а на крајот претставничката на УН/УНДП, Луиза Винтон ќе го затвори настанот.
Ново на Сител
-
УКРО: Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови
-
Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциск
-
Со „бмв“ возел 173 на место каде што дозволено е 100, уапсен 35-годишник од Тетово
-
Погребот на папата Франциск закажан за 26 април
-
Украина: Во текот на ноќта Русија лансираше 54 беспилотни летала, од кои 38 беа соборени
-
Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола
-
Тешка сообраќајка на Пресека
-
Лидс и Барнли обезбедија пласман во Премиер лигата