„Модерн Инкорпорејтед“ ја почна крајната фаза на испитување на вакцината против Ковид-19
Американската биотехнолошка компанија „Модерн Инкорпорејтед“ (Modern Incorporated) денеска соопшти дека ја започнала крајната фаза на истражување на нејзината потенцијална вакцина против коронавирусот.
Станува збор за вакцина наречена „mRNA-1273“, која ќе биде тестирана на околу 30.000 возрасни лица кои не се заразиле со Ковид-19.
Во соопштението на компанијата се наведува дека главната цел на истражувањето, поддржано од Владата на САД, ќе биде да ги спречи симптоматските форми на Ковид-19.
Владата на САД ги удвои на речиси милијарда долари инвестициите во развојот на потенцијалната вакцина против Ковид 19, на американската компанија, која влегува во последната фаза од клиничкото испитување.
„Модерн Инкорпорејтед“ доби 483 милиони американски долари во април, кога развојот на вакцината беше во рана фаза, а американската федерална агенција за фармацевтска технологија сега вети дека ќе издвои уште 472 милиони американски долари.
Ново на Сител
-
Смртниот биланс од катастрофалниот земјотрес во Авганистан се искачи на над 800 лица
-
Разбиена голема криминална организација на грчкиот остров Крит – уапсени 48 лица
-
РСБСП: Да ги заштитиме децата во сообраќајот
-
Обвинетите во „Геријатрија“ неиграат вина за примање поткуп за болнички прием
-
ЈП ПОЦ: Минатата недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар
-
Нови правила за одобрување возила
-
ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан
-
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година