-->
-->
Модерен контролен центар за безбедност на автопатот Демир Капија - Смоквица
-->

Во двата тунела се инсталирани 64 камери. Центарот обединува четири посебни системи преку кои меѓу останатото на возачите ќе им стасуваат потребните известувања со автоматско вклучување преку фреквенцијата на радијата во автомобилите. Ќе се мери брзината на движење, густината на сообраќајот, издувните гасови...
Покрај софистицираната опрема со камера за видео надзор и безбедност, достапни ќе бидат и противпожарна и шлеп служба. Во Контролниот центар се ангажирани 17 лица, односно по четворица советници за контрола на сообраќајот и ЕСКАДА контролори, како и осум техничари. Следењето на сообраќајот преку Контролниот центар во иднина ќе се прошири на целиот потег од Велес до Гевгелија.
Ова е прв Контролен центар на автопатите во Македонија. Ваков Центар ќе има и кај Петровец за контрола и управување на сообраќајот од Табановце до Велес, а планирано е да се изгради и на автопатот Кичево – Охрид. Сите контролни центри ќе бидат интегрирани во заеднички Контролен пункт лоциран кај Петровец.
Контролниот центар на новата автопатска делница беше изграден по анексот на договорот за изградба за автопатот во октомври лани, со кој беа опфатени и градежните зафати за дислоцирање на далновод на МЕПСО. Центарот и далноводот беа клучните причини за продолжувањето на активностите на терен.
Со пуштањето во употреба на автопатската делница од Демир Капија до Смоквица во должина од 28,2 километри се заокружува со целосно автоапатското решение - Коридорот 10 низ територија на Македонија. Инвестицијата изнесува 270 милиони евара.
На пуштањето на автопатот ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор