„Мобилност“ од Кочани почна проект за јакнење на јавната свест за правата на лицата со попреченост

Меѓуопштинското здружение „Мобилност“ од Кочани почна шестмесечен проект за јакнење на јавната свест за правата на лицата со попреченост, а во кој ќе бидат вклучени медиумите и современите начини за комуникација преку социјалните мрежи.
Во рамки на проектот се одржа првата од петте работилници на која пред членовите беше објаснета Конвенцијата за правата на лицата со попреченост што ја донеле Обединетите нации, а што е главен меѓународен правен инструмент за регулирање на правата на лицата од оваа општествена група.
– Наша цел е да влијаеме кај државната власт и јавните институции за измена и подобрување на законските решенија што се однесуваат на исполнувањето на нашите права за вработување, образование, здравствена и социјална заштита и во другите сфери на секојдневното живеење. Сакаме да се надминат предрасудите кон лицата со телесна попреченост, односно кон нас да не се гледа со сожалување или потценување. Во рамки на проектот предвидено е да се изработат видео материјали што ќе се емитуваат преку медиумите и на социјалните мрежи, а треба да придонесат кон јакнење на видливоста и свеста за правата на лицата со попреченост во македонското општество, истакна Василчо Илиев, член на здружението „Мобилност“.
Реализацијата на проектот ќе трае до септември годинава, при што планирани се уште три работилници во соседните општини, како и една завршна трибина во Кочани.
Проектот финансиски е поддржан од Националниот совет на инвалидски организации и Македонскиот институт за медиуми, а во соработка со канцеларијата на Европската унија и британскиот Институт за медиумска различност.
Меѓуопштинското здружение „Мобилност“ има над 350 активни членови и ги опфаќа лицата со телесна попреченост од општините Кочани, Виница, Делчево и Берово.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
-

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
-

Земјотресот во Јапонија предизвика мало цунами без сериозни последици
-

Турчин во Скопје со возило удрил во контејнер, па во друго возило, и пробал да избега од полицијата
-

Лавров: Русија и САД го продолжуваат билатералниот дијалог, но не со посакуваното темпо
-

38-годишник од Скопје со возило удрил во полицаец и го повредил
