МОБ со „Рита на Гаетано Доницети“ гостува во Струга

На сцената во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе гостува Македонската опера и балет со комичната опера „Рита на Гаетано Доницети“, под диригентската палка на Ѓургица Дашиќ.
Во улогата на Рита ќе настапи Полина Тасева, Бепе го игра Јане Дунимаглоски, Гаспаро е Невен Силјановски, а Бартоло го игра Борко Биџовски.
Режијата е на Трајко Јордановски, а сценографијата и костимографијата Марија Ветеровска.
Дејството се одвива во Бергамо, Италија, а Рита е сопственичка на преноќиште и вдовица на Гаспаро, сопруг кој ја малтретирал и според нејзино сознание настрадал во бродолом. Во меѓувреме Рита го запознава Бепе, човек кој многу и помогнал во гаснењето на пожарот во нејзината куќа и се мажи за него. Новиот сопруг е сосема различен од поранешниот. Поттикната од претходното искуство, се наметнува во новиот брак, па дури и го малтретира Бепе, на ист начин како што ја малтретирал Гаспаро. Одненадеж се појавува Гаспаро, кој го преживеал бродоломот и сега живее во Канада, каде што се стекнал со големо богатство. Тој се вратил во Бергамо за да добие потврда дека Рита не е жива за да може да склопи брак со вереницата во Канада. Доаѓа во преноќиштето на Рита и го наоѓа Бепе. Во меѓусебниот разговор, Гаспаро го учи Бепе како да се однесува со жените, но при покажување на личната карта на Гаспаро, Бепе сфаќа дека тој е „починатиот“ сопруг на Рита. Го моли да му помогне да се ослободи од малтретирањето на Рита. Единствената цел на Гаспаро е да го добие документот дека бракот со Рита не важи и применува трик за реализација на својата идеја. Се случува дуел помеѓу Гаспаро и Бепе, а победникот треба да продолжи да живее со Рита. Но Рита и Бепе ја откриваат измамата.
Гаспаро го добива бараниот документ, а Рита и Бепе продолжуваат да живеат во среќен брак, зашто Рита му ветува на Бепе дека нема повеќе да го малтретира.
Средствата собрани од влезниците ќе бидат донирани за настраданите од поплавите во Скопјеско.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
