МО: Смислена манипулација тврдењата за непочитување и намалени права од работен однос
Тврдењето за непочитување и намалување на правата од работен однос не само што не е точно туку е и смислена манипулација. Наводите за престанок на важење на уредбата се еклатантен пример за тоа, реагираа од Министерството за одбрана, откако на денешната прес-конференција Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ) го искажа револтот на вработените во МО и во АРМ поради, како што посочија, непочитување и намалување на правата од работен однос на вработените во МО и во АРМ.
Од Министерството за одбрана истакнаа дека, иако Министерството во изминатиот париод неколку пати појаснило дека уредбата на која се повикува СОБ никогаш не била ставена во функција и оти сите надоместоци и во минатото, а и сега ќе продолжат да се исплаќаат врз основа на Правилник кој произлегува од Законот за служба во АРМ, таа лажна вест и натаму и се фрла на јавноста со надеж дека сто пати повторена лага може некој да ја прифати и како вистина.
– Во поглед на примањата на припадниците на АРМ сакаме да потсетиме дека платата веќе еднаш е зголемена за 10 проценти и тоа во јануари годинава.Од септември платите на сите во АРМ и МО ќе бидат заголемени за пет проценти. Ова е првпат две години по ред да се зголемуваат платите во АРМ, нагласија од МО.
Во однос на барањата за зголемување на дневници, од Министерството за одбрана наведуваат дека сегашната Влада ја вратила и исплатата на дневници за дежурство за припадниците на АРМ, уште во јули 2018 години.
– Како Министерство за одбрана не можеме и не сакаме никого да спречиме или обесхрабриме да побара судска заштита доколку смета дека постојат правни основи за тоа. Но истовремено сакаме да укажеме на манипулациите кои одредени кругови ги прават со цел да се предизвика раздор меѓу вработените во нашата институција особено сега кога се во тек процеси за унапредување и развој на АРМ и исполнување на децениската заложба за НАТО членство, соопштуваат од Министерството за одбрана.
СОБ денеска упати неколку барања до Министерството за одбрана, меѓу кои и зголемување на плата во МО и во АРМ од најмалку 10 проценти, зголемување на дневницата како надомест за дежурство, стража, терен, обезбедување на државната граница и слично и почитување на правата од работен однос во делот на додатоци и надоместоци на плата согласно Законот за работни односи.
Најавија дека доколку продолжи намалувањето и непочитување на правата од работен однос во делот на додатоци и надоместоци на плата, ќе се покренат судски спорови пред надлежните судови.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани