МО: Нема застој во проектот „АРМ - мој вистински дом“
Нема застој во реализацијата на проектот „АРМ – мој вистински дом“, наведува Министерството за одбрана во писмената реакција на денешната изјава на претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ.
- Камен – темелникот беше поставен на први октомври и во моментов течат подготвителни активности, но во ниту еден случај не станува збор за застој на проектот. Во договорот со фирмата изведувач избрана во законска процедура на 7 септември оваа година постојат рокови кои се почитуваат, истакнува МО.
Оттаму посочуваат дека целата процедура се одвива согласно законот, односно кон крајот на минатата година од страна на општина Карпош е издадено Одобрение за градба, кое е правосилно. - Министерството уплати 10 од предвидените 24 рати за комуналии кон општина Карпош и кон Град Скопје. Потпишан е Договорот за долготраен закуп на земјиште на 99 години и избрана е банката која ќе биде партнер во проектот, нагласува МО во писмената реакција.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции