МО: На Криволак не се користи муниција со сиромашен ураниум, порталите шират лажни вести

На полигонот за обука во Криволак не се користи муниција со сиромашен ураниум. Фотографиите што се објавени на некои од порталите се типични лажни вести, чија цел е да прошират паника и да предизвикаат отпор на граѓаните кон НАТО, велат од Министерството за одбрана.
Експерти од Министерството нагласуваат дека досега на Армискиот полигон Криволак во ниту една прилика не е користена муниција со осиромашен ураниум. За последната обука што беше изведена со вооружените сили на САД, се користела муниција за митралез со калибар 12,7 мм. Станува збор за зрно од олово обвиткано со кошулка од бакар. Бакарот, поради неговата боја, како што велат од Министерстово за одбрана, е искористен за да се спинува веста дека станува збор за муниција со осиромашен ураниум. Најмалиот калибар на муниција со осиромашен ураниум, додаваат од таму, е 30 мм. Министерството за одбрана и АРМ имаат развиено проект за заштита на животната средина на Армискиот полигон Криволак и во целост се придржуваат по елаборатот со цел да не се предизвика какво било контаминирање на просторот.
Експерти од Министерството појаснуваат дека зрното со осиромашен ураниум се користи затоа што ураниумот има голема маса и брзина и кинетички дејствува на целта, ја пробива.
Таква муниција, велат, на пример користи авионот А10 за уништување на оклопот на тенковите.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вчера на својот фејсбук профил излезе со демант дека на Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум.
-Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО, напиша Шекеринска вчера на својот профил на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Протест на превозниците: Блокиран сообраќајот за камиони на сите гранични премини
-

Груевска Илиевска: Без ред нема судење, сите обвинети имаат право на бранители
-

Утре слаби врнежи од дожд во пониските места, снег на планините
-

Вучиќ: Оваа година одиме на избори
-

Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл
-

Момче починало во кавадаречко Возарци, телото на обдукција
-

Наунов: Го почитуваме значењето на адвокатурата, затоа очекуваме професионалност и почит кон болката и траумата на семејствата
-

Зголемено нивото на повеќе реки
