Македонија
6. March 2026 - 13:47

Претрес во Неготино, пронајдена дрога

На 05.03.2026 во 12:40 часот во Неготино, полициски службеници од Неготино го лишиле од слобода А.Д.(28) од Неготино.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.