МНТ го продолжува одбележувањето на 73-тиот роденден

Македонскиот народен театар во текот на месецов со повеќе настани под заедничко мото „Моќта на театарот“ го прославува 73-тиот роденден. Одбележувањето на годишнината од основањето МНТ го почна на денот на роденденот, 3 април, со отворање на изложбата „Моќта на актерот“.
Изложбата, која за посетители ќе биде отворена до 30 април, прикажува 130 оригинални фотографии на повеќе од триесет актери кои работеле од првата сезона на МНТ 1945/46 година, сè до почетокот на овој век. Поставка на крајот на месецов ќе има и во ТЦ Сити мол, каде што ќе бидат изложени костими и фотографии од претстави во продукција на МНТ.
Во април МНТ ќе има и две премиери - на 21 април претставата „Дух“ од Дејан Дуковски во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, а на 26 април премиерно ќе биде изведена претставата „Планинските џинови“ од Луиџи Пирандело, во режија на Паоло Маџели - регионален проект на „Креативна Европа“.
- Театарската публика ќе ја гледа македонската премиера по хрватската која се одржа во Риека на 2 март. Претставата се изведува на италијански, словенечки, албански, унгарски и на германски јазик, а ќе биде обезбеден титл на македонски и албански јазик, соопшти МНТ за претставата „Планинските џинови“ која по премиерата ќе има уште две изведби - на 27-ми и 28 април со почеток во 20 часот.
Во рамки на активностите ќе следува и потпишување меморандум за соработка со Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. На штитениците на домот ќе им биде овозможена посета на претстави соодветни на нивната возраст, организирање работилници со цел да им се приближи театарот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
