МНР упати нота до Грчката канцеларија за врски во Скопје

Министерството за надворешни работи на Република Македонија упати нота до Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, како одговор на вчерашниот вербален демарш од страна на шефот на Канцеларијата, амбасадорот Теохарис Лалакос, која му беше врачена лично на разговор во Министерството.
- Македонските безбедносни сили за време на вчерашните насилни инциденти постапија со максимална можна воздржаност, одговорност и професионализам и притоа дејствуваа сразмерно на безбедносниот предизвик од насилните протести и агресивните обиди на поголеми групи на мигранти илегално да ја преминат грчко – македонската граница, вклучително преку пробивање на граничната заштитна ограда, се вели во нотата на Министерството за надворешни работи.
Во нотата објавена синоќа на веб-страницата на МНР воедно се бара од грчките безбедносни власти засилен ангажман за избегнување на вакви инциденти во иднина.
- Со цел избегнување на вакви инциденти во иднина, Министерството побара засилен ангажман и соработка од страна на полициските и безбедносни власти на Грција, превентивно делување и навремено споделување на релевантни информации и сознанија во правец на обесхрабрување на насилни протести на мигрантите и спречување на нивен нелегален премин од грчка на македонска територија. Воспоставувањето на ред и правен поредок во пограничната зона во и околу мигрантскиот камп во Идомени е од суштествено значење за спречување на идни инциденти, се наведува во нотата од МНР.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
