-->
-->
МНР со осуда за изјавите на Месила Дода
-->
Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска ги осуди јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на Месила Дода кои се однесуваат на Република Македонија. Месила Дода која е пратеник во коалиција со Социјалистичката партија на Еди Рама побара "под итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување на самостојност“, негирајќи го македонскиот идентитет.
- Неодговорните изјави на јавни личности, кои, по својата функција, налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став, не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји, и особено не во духот на европските вредности, стои во реакцијата на МНР.
Од МНР апелираат официјалните лица во соседството, да се воздржат од потпалување на тензиите во регионот, бидејќи според МНР, покорисно би било доколку нивната енергија би ја насочиле кон конструктивни предлози и иницијативи за зајакнување на соработката и довербата меѓу двете земји, и побрза европската интеграција.
-Остануваме уверени дека пратеничката функција подразбира голема чест, но и највисока одговорност, завршуваат од МНР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Привремена забрана за дронови во Њу Џерси од безбедносни причини
-
Автобус и две возила удриле во крави на автопатот Скопје - Тетово
-
Сообраќајна незгода на патот Скопје - Тетово, пренасочен сообраќај
-
Мицкоски: Со тоа што Груби е бегалец само потврдува дека е виновен
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Ресен - Битола и Струга - Охрид
-
Тошковски: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран
-
Нетанјаху: Израел го штити светот од Хутите
-
Нови 118 случаи на грип во државава