Македонија
30. March 2024 - 20:07

МНР преговара со италијанските власти

Попладнево пристигна одговор од МНР, од каде велат МНР е во постојана комуникација со МВР во чија надлежност е регулативата во однос на возачките дозволи. 

Преку нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Италија, Рим и Венеција сме во постојан контакт и со италијанските власти. Прашањето е привремено решено со продолжувањето на рокот на старите возачки дозволи до 31 декември оваа година од страна на надлежната институција на земјата, а останува надлежните органи на двете земји да најдат решение од 2025 година натаму со нов билатерален договор. Во тек се разговори со италијанските власти , велат од македонското МНР.