МНР: Нашите ученици поминале низ унгарскиот граничен премин
Министерството за надворешни работи веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.
Од Миистерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство.
-Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: globalsos@mfa.gov.mk ; како и информациите на нашиот веб:https://www.mfa.gov.mk/mk/page/45/dezhurni-broevi-za-itni-situacii.
Ново на Сител
-

Промовирано новото македонско вино - Волкано од Монтеко
-

Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ
-

Тема на денот со Томе Христовски, кандидат за градоначалник на Крушево од СДСМ
-

Вечерва завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Скопје
-

Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-

Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-

Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-

Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
