МНР на Русија, Иран и Турција се договориле за сите клучни прашања за Сирија
Министрите за надворешни работи на Русија, Иран и Турција, Сергеј Лавров, Џавад Зариф и Мевлут Чавушоглу, денеска во Анталија се договорија за сите клучни прашања, соопшти Лавров по завршувањето на средбата, посветена на изнаоѓање решение за кризата во Сирија.
- Се собравме за да дискутираме за конкретни прашања за подготовката на самитот на претседателите на трите земји, кој ќе се одржи на 22 ноември во Сочи, изјави Лавров.
Тој додаде дека „работата беше многу корисна“ и оти се договориле за сите клучни прашања.
Пред самитот во Сочи ќе се сретнат и началниците на генералштабовите на Русија, Турција и Иран, за да разговараат за детали за работата во врска со зоните за деескалација во Сирија.
Лавров подвлече дека армиите на трите земји се во постојан контакт во врска со функционирањето на четирите зони за деескалација во Сирија, а исто така работат и на создавање на петта зона.
Ново на Сител
-
Привремено деблокиран судот во Нови Сад
-
Јамал добива нов договор и бројот 10
-
Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава
-
Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила | ФОТО
-
Русија ослободи нафтен танкер откако го задржа во Балтичкото Море
-
Во Кина измерени рекордни над 40 степени
-
Приведен 21-годишен крадец од радовишко
-
Трагедија во Струмица, пронајден починат матурант