МНР му го одзеде дипломатскиот пасош на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини
Муамед Сејдини, Претседател на ФФМ, од вчера веќе не поседува дипломатски пасош на Македонија. Министертството за надворешни работи одлучи да ја повлече одлуката на поранешниот министер Бујар Османи кој во неговиот мандат од непознати причини му подари дипломатски пасош на првиот човек на Федерацијата. Ваков тип на пасоши добиваат личности кои се заслужни допринеле за афирмација на Македонија насекаде низ светот.
Овој потег на МНР доаѓа по низата скандали кои се случија во ФФМ и по серијата на откази на спонзорства на парнетри кои долги години беа поддржувачи на ФФМ. Во меѓувреме МНР ја остави на сила одлуката за пасош со дипломатски почести да ги имаат фудбалерите кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.
Ново на Сител
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ
-
Осум македонци од Израел најдоцна до утре ќе бидат евакуирани со владиниот авион преку Египет
-
Тема на денот со Златко Кузманов, доктор по безбедност
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани