МНР: Државјаните на Северна Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан

Министерството за надворешни работи (МНР) ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан поради сложената безбедносна состојба во регионот.
-Информираме дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачуваме на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата на земјата, доколку немаат суштинска причина за нивниот престој, да ја искористат оваа можност и да ја напуштат земјата. Потсетуваме дека Северна Македонија нема дипломатско Конзуларно претставништво во Република Либан и соодветно, значително намалено присуство во земјата, што ги отежнува можностите за асистенција при евентуална евакуација, доколку дојде до дополнително влошување на безбедносната состојба. Ги повикуваме нашите државјани кои се наоѓаат на територијата на Република Либан веднаш да го пријават своето присуство, локација и намери на дежурниот телефон на Амбасадата на Северна Македонија во Каиро +201033615542 и на дежурниот број на Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив +972 54 926 7378, наведува МНР.
Министерството додава дека на располагање се и СОС телефоните на МНР: +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и електронската адреса: globalsos@mfa.gov.mk.
МНР и натаму ќе ги следи состојбите во Либан и во регионалното опкружување и ќе продолжи, нагласува, навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.
Ново на Сител
-

Агенциите на ОН апелираа до Вашингтон да им дозволи на барателите на азил пристап до САД
-

Над 60 проценти од жителите на ЕУ лани купувале онлајн
-

Жолто ниво на предупредување од поплави, постои потенцијална опасност од излевање на реките
-

РКЕ следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
-

Фонд на ПИОМ: Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот
-

Црногорската полиција разби мрежа на проруски платеници, уапсен државјанин на БиХ со 1,5 милион евра
-

Парното греење поскапува 1 декември, сметките повисоки за околу 130 денари
-

УХМР: Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации
