Мнозинството Грци сметаат дека евентуалното решение на името ќе биде поблиску до македонските позиции
Повеќе од половина испитаници (57.1%) во истражувањето спроведено за грчката телевизија „Action 24“ сметаат дека евентуалното решение на проблемот со името ќе биде поблиску до македонските позиции, а само 26.9 % поблиску до грчките „црвени линии“.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, на прашањето: „Решението што ќе се одбере за името на Скопје, сметате дека ќе биде поблиску до она што го бара Грција или до она што го бара Скопје?“, 6 од 10 анкетирани одговараат дека ќе биде во корист на Македонија.
На ова прашање 57.1% одговориле дека ќе биде поблиску до она што го бара Скопје, 26.9% поблиску до она што го бара Атина, а 16% рекле дека не знаат или избегнале да одговорат.
Во истражувањето на јавното мислење, за конкретното прашање, направена е и анализа според политичката ориентација, возраста, полот, местото на живеење, степен на едукација и сл.
Од оние 57.1% што одговориле дека решението ќе биде поблиску до македонските барања, мнозинството, 74.5%, на последните парламентарни избори во септември 2015 гласале за опозициската Нова демократија, а 39.7% за СИРИЗА. Речиси 7 од 10 испитаници што сметаат дека решението ќе биде во прилог на Македонија, се самоопределуваат како десничари или радикални десничари. Во однос на полот, разликата меѓу мажите и жените е само 2.7%, додека пак 64.1% се со високо образование.
На политичката сцена во Грција, според одговорите на Грците вклучени во истражувањето, Нова демократија има двоцифрена предност пред владејачката СИРИЗА, а разликата е 10.2%. Коалициониот партнер во владата, според анкетата останува вон парламентот, а Златна зора е со стабилен рејтинг, како и на останатите анкети.
Поконкретно за Нова демократија се изјасниле 29.4 отсто од испитаниците, за СИРИЗА 19.2%, за Движење за промена (ПАСОК, Демократска левица, Река) 10.2%, за Златна зора 7.2%, за Комунистичката партија на Грција 6.3%, за Сојуз на централисти 2.7% и за Независни Грци 2.5%.
Доколку во недела се одржат избори, 7 од 10 Грци (73.3%) сметаат дека Нова демократија би била прва, а 18.7% одговориле дека СИРИЗА би победила.
На прашањето кој е посоодветен за премиер на Грција, 40% од анкетираните го одбираат лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, 21.9% Алексис Ципрас, а 36.8% ниту еден од двајцата.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во телефонското истражување на јавното мислење на агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action 24“ учествуваа 1002 испитаници од цела Грција, а беше спроведено од 6 до 8 март годинава.
Ново на Сител
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат
-
Поради екстремната жештина во Португалија за една недела умреа речиси 300 лица
-
Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд
-
Сообраќајка на магистралниот пат Гостивар - Кичево, учествувале еден мотоцикл и три автомобили
-
Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите
-
Отстранети 74 непрописно паркирани возила во Центар за седум дена
-
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат