ММФ одобри аранжман од 530 милиони евра за Македонија
Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд во Скопје попладнево соопшти дека Извршниот одбор на ММФ го одобрил двегодишниот аранжман за Северна Македонија според Линијата за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ) во износ од околу 530 милиони евра.
Одобрувањето на аранжманот, како што стои во соопштението, овозможува итна исплата на околу 110 милиони евра, што ќе биде проследено со уште една исплата од околу 155 милиони евра по завршување на првиот преглед планиран во мај 2023 година.
– Северна Македонија се квалификува за PLL врз основа на нејзините здрави економски основи, силните рамки на институционалните политики, евиденцијата на добрите економски перформанси и имплементацијата на политиките и посветеноста да се одржуваат таквите политики во иднина, се наведува во соопштението.
Аранжманот ќе ги поддржи владините политики за справување со економските последици од пандемијата Ковид-19 и руската инвазија над Украина.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски на одбележувањето на 30 год. на Дејтонскиот договор
-
Внимателно во Охрид, крадци од цела Македонија оперираат
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Teма на денот со Синиша Ивановски, директор на Железници инфраструктура
-
Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата Лав XIV и средба со италијанскиот претседател Mатарела