Вината на Монтеко го освојуваат светот
Македонските вина го освојуваат светот. На престижниот Интернационален Вински предизвик, македонските винарии освоија 14 сребрени и 17 бронзени медали. Во исклучително силна конкуренција на највлијателниот светски настан, познат по ригорозните критериуми и комплетната непристрасност при оценувањето, доминираа Тиквеш и Монтеко.
Со посебен успех се истакна винаријата Монтеко, која е присутна на пазарот само една година. На настанот освои 3 сребрени и 3 бронзени медали. Со сребро се закитија Темјаника, Мерло и Вранец, а Шардоне, Неро и Монтеко Филип освоија бронзен медал.
Лозовите насади на винаријата Монтеко се наоѓаат на околу 600 метри надморска височина, во близина на Кратово. Токму надморската височина на која се одгледуваат, му дава посебна арома и вкус на виното, за разлика од грозјето кое расте на пониско. Дополнително, грозјето се одгледува на земја со вулканско потекло, која е предуслов за добивање на врвни вина.
Монтеко користи најсовремена италијанска технологија за созревање на вината до подготовка за флаширање.
Сите овие предуслови ги прават вината од Монтеко признаени низ целиот свет, носејќи се рамо до рамо се познатите светски винарии.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар