-->
-->
Младо момче со нож нападнато пред зграда во Скопје
-->
Дваесетгодишниот скопјанец Д.Г. по полноќ пријавил во Полициската станица Бит Пазар дека синоќа околу 22 часот му се јавило непознато лице кое се претставило како познаник на неговиот другар Б.Н. од с.Арнакија и му рекло да излезе пред зградата во која живее, за да му ги даде парите кои Б.Н. му ги должел.
МВР информира дека пријавителот излегол, но во еден момент, Б.Н. од зад грб го удрил со рачка од нож во пределот на главата и замавнувал со ножот со намера да го повреди и притоа му ја расекол јакната.
После тоа, Б.Н. и непознатото лице побегнале, а Д.Г. го земал ножот и го однел во Полициската станица Бит Пазар.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ вечерва ќе ја финализира листата за градоначалници
-
Teма на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-
Атентат врз поддржувачот на Трамп, Чарли Кирк
-
Дрисла се уште го гуши Скопје
-
Пратениците влегоа и во Разузнавање – Документи не добија на увид
-
Црвените линии на Филипче идната недела во Собранието
-
Стевчо Јакимовски ќе трча за 5. градоначалнички мандат, СДСМ вечерва ќе ја финализира листата на имиња