-->
-->
Младо момче се бори за живот на скопските клиники
-->
На крстосницата од улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Никола Парапунов“ вчера во 12.10 часот во Гостивар се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Фолксваген Поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.А. (64) од Гостивар и мотоцикл „Џонвеј“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од И.С. (19) од Гостивар.
Како што информира МВР, по незгодата, И.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата

