Младите претприемачи ќе учат вештини за подобар настап на глобалните пазари
Комуникацијата, финансиското планирање и маркетингот се најголемите слабости со кои се соочуваат македонските претприемачи. Во насока на подобрување на овие вештини и полесен пристап на нивните производи на глобалниот пазар од денеска во наредните две недели во Скопје се одржува обука организирана од „Македонија 2025“ и канадската школа за бизнис „Ричард Ајви“.
Инструктори од кандската школа за бизнис во Македонија ќе ги унапредуваат знаењата на 44 млади претприемачи кои доаѓаат од различни сектори, а избрани се меѓу 100-те пријавени за учество во „Лидер проектот 2016“.
Билјана Марковиќ, директорка на „Македонија 2025“ истакна дека интересот од година во година е се поголем од страна на претприемачите кои сакаат да се стекнат со нови знаења и да ги имплементираат во своите бизниси со цел Македонија да постигне успех во извозот.
- Учесниците ќе добијат можност да го надградат своето знаење, од аспект на бизнис стратегија, маркетинг, планирање финансии и слично и своите бизнис идеи да ги ги преточат во план за развој на нивниот бизнис во глобални рамки, изјави пред почетокот на обуката Марковиќ и додаде дека инструкторите низ обуката ќе учат на стратегии и планови како да бидат подготвени и во надминување на екстерни влијанија во бизнисот.
Инструкторот Џереми Филкенштаин потенцира дека преку обуката младите претприемачи треба да се стекнат со такви вештини и самодоверба што ќе им помогне да ги надминат сите предизвици и пречки со кои се соочуваат.
Истакна дека патот за да реализирате една идеја во бизнис, односно во производ е тежок.
- Деведесет проценти од бизнисите што се започнати не успеваат, но она што е целта на Лидер проектот е оние 10 поценти кои би биле успешни да произлезат од програми како оваа, рече Филкенштаин.
На годинашната обука се најзастапени млади иновативни претпримачи од ИТ секторот, услужните дејности, како и од агробизнисот.
Ова е деветта обука што се оргнизира во Македонија, а искуствата, како што изјави Игор Поповски претседавач со лидер проектот, покажуваат дека луѓето имаат многу успешни приказни кои после обуката успешно ги реализираат.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
Владата објави дека наследиле рекорден број арбитражни постапки
-
Преглед на вестите од светот
-
ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин