Loading Video...
Ракомет
18. July 2021 - 16:13

Младите македонски ракометарки завршија на 6-тото место

Женската јуниорска репрезентација на Македонија заврши како шесто пласирана на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 19 години што се одржува во Скопје. 
 
Нашите млади ракометарки попладнево во меч за 5 место беа поразени од соодветната селекцијата на Исланд. 
 
Во дуелот за петто место македонските надежи загубија од Исланд, но дури по изведување пенали. Oткако регуларниот дел заврши нерешено 28-28, во пенал 
„рулетот“ односно ударите од седум метри повеќе среќа, но и нерви имаа Исланѓанките кои ја добија серијата со 4-2, односно со конечни 32:30 се радуваа на победата.
 
Така нашите млади ракометарки со ефект од три победи еден нерешен резултат и два порази на крајот завршија нба шестото место во конкуренција на девет репрезентации колку настапија на овој шампионат. 
 
Освен Исланд пред нас ќе бидет и селекциите на Холандија и Полска кои ќе се борат за бронзениот медал, односо Белорусија и Фарските Острови кои ќе играат за златото