Loading Video...
Ракомет
5. August 2022 - 16:38

Младите македонски ракометарки вечерва против Исланд бркаат 1/4 финале на СП во Скопје

Вниманието на домашната спортска јавност вечерва ќе биде насочено кон ракометот и настапот на нашата женска кадетска селекција на Светското првенство штп се одржува во Скопје. 
 
На Мундијалот за ракометарки до 18 години чиј домаќин е Скопје, македонската кадетската женска репрезентација вечерва во дуелот против Исланд ќе брка пласман во  четвртфиналето.
 
За остварување на целта, избраничките на селекторот Љубомир Савевски, доволен им е и нерешен исход во мечот против врсничките од Исланд, додека со победа и како првопласирани ќе го завршат својот настап во главната групна фаза.
 
Пред оваа рунда Македонија е второ рангирана со бод помалку од Исланд, а два повеќе од Шведска која во овие моменти го игра натпреварот против Иран во кој се освен убедлива победа на скандинавките би било сензација.
 
Во случај на пораз, но и во зависност од исходот на мечот Шведска и Иран, варијанта е и пораз за нашата селекција со помала гол разлика. 
Но. на тоа никој во нашиот табор не размислува, па селекторот Севевски овој меч ќе го нарече „да се биде или не“. 
 
Натпреварот Македонија и Исланд ќе се игра во СЦ Борис Трајковски со почеток од 20:30 часот, влезот е слободен, па нашите кадетки се очекува да имаат и силна поддршка од трибините.