Loading Video...
Ракомет
17. July 2021 - 17:03

Младите македонски ракометарки ја надиграат Финска, утре против Исланд во дуел за 5.место

Женската јуниорска репрезентација на Македонија ќе се бори за петото место на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 19 години што се одржува во Скопје. 
 
Нашите млади ракометарки попладнево во меч за пласман од 5 до 8 место славеа победа над селекцијата на Финска со 31-25- (полувреме 11:11)
 
Речиси во текот на целото прво полувреме нашите ракометарки беа оние кои го диктираа темпото и постојано беа во водство, но не поголемо од два гола, за сепак на крајот на 30-те минути резултатот да биде израмнет 11:11.
 
Во вториот дел. Клучен период беше меѓу 33-тата и 40-тата минута кога нашите ракометари со серија од 5-0, од 13-13 заминаа на водство со 18-13. Стекнатата предност избраничките на селекторот Љупчо Савески рутинирано ја одржуваа се до крајот на мечот кој до добија со конечни 31-25. 
 
Ангела Јанкуловска и Ана Марија Коларовска со по седум постигнати голови беа најефикасни во нашата репрезентација, за која Андреа Седлоска придодаде пет, а Емилија Ризоска беше стрелец на четири голови. 
 
Утре на последниот ден на шампионатот нашите млади ракометарки ќе играат за пласман на петото место, а противник во дуелот што ќе започне од 13 часот ќе биде селекцијата на Исланд.