-->
-->
Младите кошаркари на Феникс атакуваат на Супер-финалето во Европската младинска лига
-->
Младите кошаркари на Феникс 2010 од Скопје, се пред нов предизвик во Европската младинска лига.
По успешниот настап на двата турнири на кои остварија осум победи во исто толку одиграни натпревари, селекцијата на играчи до 14 години (родени 2003-та) ги очекува најтешкиот испит, настап во разигрувањето за место во Супер-финалето.
Пе денеска до 2 април младите „Феникси“ ќе играат во плејофот од Централната зона во која за противници ќе ги има шампионите на Србија, Младост Белград, на Германија, Баерн Минхен и на Романија Ородеа, како и домаќинот на турнирот Дебрецен.
Настапот во плејофот Феникс ќе го започне вечерва (20 часот) со дуелот против домаќинот Дебрецен. Во петок и недела од 13 часот ќе ги играат дуелите против Ородеа и Младост, а во понеделник од 9 часот и последниот меч во кој за противник ќе го имаат Баерн.
Доколку го минат и овој турнир односно освојат едно од првите две места, овие млади македонски кошаркарски таленти, ќе се вбројат меѓу 8-те најдобри екипи во Европа во конкуренција над 80-тима од „Стариот континент“, односно ќе се пласираат во Супер-финалето кое ќе се одржи од 4 до 7 мај, во Рига, Летонија.
Сите натпревари ќе може да ги гледате на Сител 3 телевизија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО