Македонија
13. November 2025 - 12:26
Младите да се доближат до верата
Во време кога бројните искушенија и пороците ги демнат младите од секој агол верскиот храм Света Богородица Каменско преку интерактивни трибини ќе наоѓа начини како младите да ги доближи до верата и бога а воедно и да се слушне нивниот глас но и гласот на црквата .
Со оглед на тоа дека дека Охрид е познат туристички центар исполнет со гости од целиот свет не се исклучува можноста и туристите кои сакаат да бидат дел од трибините кои се од отворен тип.
Како што најавија од црквата Каменско од Охрид интерактивните трибини на најразлични теми на кои добредојден е секој млад човек започнуваат од оваа сабота.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
