Младите бараат поголема поддршка од државата за стекнување нови вештини
Младите немаат доволно информации околу мерките и поддршката што државата ги има за нив. Бараат и локалните и државните власти да бидат поотворени, посебно кога станува збор креирање на одредени политики кои се однесуваат на нив. Младите од Струмица сметаат дека во Националната стратегија што ја подготвува Агенцијата за млади и спорт поголем фокус треба да се стави и на можноста за стекнување нови вештини кои ќе овозможат и поголема конкурентност на пазарот на труд.
Со цел да ги вклучи во подготовката на Националната стратегија за периодот 2023 - 2027, Агенцијата млади и спорт организира серија консултации на локално ниво и ја презентира драфт верзијата.
Целта на Националната стратегија за млади е подобрување на социо економската положба на младите и создавање на средина која ќе овозможи младите да ги остварат нивните права потреби и интереси. Процесот на креирање на стратегијата е поддржан од Мисијата на ОБСЕ, Фондот за населени на Обединетите Нации, и програмата за развој на Обединетите Нации УНДП во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар