Млади правници даваа бесплатни правни совети и информации
Македонско здружение на млади правници (МЗМП) во рамките на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“, денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица даваше бесплатни правни совети и информации.
- Правна помош ќе се обезбедува со теренски посети во руралните и исклучените средини од Југоисточниот и Вардарскиот регион, каде живеат поединци и семејства со ниски приходи, кои поради социјалната исклученост не можат да остварат низа од своите права во различни правни области, од социјална и здравствена заштита, преку присилно извршување и правото на сопственост, па до заштита на права за работни односи и заштита од дискриминација, изјави Елена Георгиевска од МЗМП.
Покрај Отворениот ден со граѓаните на Струмица, тимот на Здружението спроведе и теренска посета на селата Добрејци, Просениково и Дабиле.
Проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ е поддржан од Европската унија, а го спроведува МЗМП со партнерство со Правниот информативен центар од Љубљана, Словенија.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие