Млади Грци се заразиле со Ковид-19 на забава на грчкиот остров Иос
По организирана забава на грчкиот остров Иос, потврдени се најмалку 14 позитивни случаи кај млади кои синоќа се вратиле во Атина и веднаш биле тестирани на атинското пристаниште Рафина, јави дописничката на МИА од Атина.
Градоначалникот на Рафина Евангелос Бурнус за грчката телевизија „ЕРТ“ објасни дека од Атина за Иос заминала група од околу 30 лица, на островот се запознале со други друштва и заедно биле на голема забава, по што некои појавиле симптоми, не им било дозволено да патуваат и останале на Иос, а останатите, поголема група, се вратиле во Атина, но биле изолирани во бродот и тестирани по пристигнувањето.
Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас говорејќи исто така за „ЕРТ“ потврди дека од 81 направен тест на младите кои стигнале во Атина, биле регистрирани 14 позитивни случаи, а просечната возраст е 17 години.
Попладнево, мобилни единици на Националната организација за јавно здравје на Грција се на атинското пристаниште Пиреас каде што вршат тестирања на патниците кои пристигнуваат од островите.
Пред некоку дена во Атина беа регистрирани околу 100 позитивни случаи на Ковид-19 кај тинејџери кои биле на забава во атински бич бар, а како што пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, Обвинителсвото наредило да се спроведе прелиминарна истрага за тоа дали на забавата имало прекршување на мерките.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата