Младенов: Верската радикализација закана за мирот меѓу Израел и Палестинците
- Ако наскоро не се постигне мир меѓу Израел и Палестинците, постои опасност конфликтот да западне во вирот на верската радикализација, која е присутна во регионот на Блискиот Исток, изјави денеска специјалниот координатор на ОН за блискоисточниот мировен процес, Николај Младенов.
- Непријателите на мирот зајакнуваат се повеќе, а политичките случувања им одат во прилог, оцени Младенов во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН.
Според него, мировниот процес на Блискиот Исток станува се понестабилен, а јазот меѓу двете страни се проширува.
- Палестинците и Израелците продолжуваат да страдаат од тажните последици на тоа што се случило во минатото, нагласи Младенов.
Тој предупреди дека доколку не се преземат итни мерки за справување со хуманитарната криза во Појасот Газа и за заживување на тамошната економија, оваа палестинска енклавата ќе доживе целосен институционален и економски крах.
- Единството на Палестинците е од клучно значење за создавање на палестинската држава, заклучи Младенов.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари