-->
-->
Младенци од Сплит на денот на свадата отидоа на „Пољуд“ да навиваат за Хајдук
-->
Дека љубовта на жителите на Сплит кон фудбалскиот клуб Хајдук е неизмерна, докажаа Ведран и Драгана, кои неколку часови пред нивната венчавка, дотерани дојдоа на северната трибина на стадионот „Пољуд“ за да навиваат за својот клуб во дерби натпреварот со Динамо.
Драгана, облечена во невестински фустан и нејзиниот сопруг Ведран, облечен во костум, ги изненадија сите присутни, кога се појавија на трибината и почнаа да навиваат, како тоа за нив да е сосема обичен ден.
Сведоците кои биле на сверниот дел на „Пољуд“ велат дека девојката во невестински фустан за момент ги шокирала, но набрзо ги наградиле со голем аплауз.
Иако натпреварот заврши со пораз на Хајдук, се надеваме дека тоа не им го расипа денот на свадбата на Ведран и Драгана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Независните кандидати не се закана за поголемите партии
-
Спасени 28 давеници во Охридското Езеро
-
Државата започна со откуп на пченица за стоковите резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+