-->
-->
Младата репрезентација стартуваше со подготовките за С. Ирска
-->

Селекторот Благоја Милевски во средата го имаше првиот собир со фудбалските репрезентативци до 21 година кои на 13.октомври ги очекува натпревар против Северна Ирска во квалификациите за пласман на Европското првенство.
„Среќен сум што повторно сме заедно во репрезентацијата. Имаме одлична екипа, добри фудбалери и самодоверба пред дуелот со Северна Ирска. За тимот е многу значајна победата на последниот натпревар против Украина, ќе се обидеме заеднички да оствариме нов успех. Овие неколку денови ќе ги искористиме целосно да се посветиме на репрезентативните обврски и максимално да ги следиме и исполнуваме насоките кои ги добиваме од стручниот штаб. Во Северна Ирска патуваме со една цел, да победиме и да го потврдиме квалитетот и заедништвото кое го имаме во тимот“, изјавил за интернет страницата на ФФМ Давид Бабунски.
Младите македонски фудбалери во досегашниот тек од квалификациите имаат одиграно две средби, забележаа пораз на Исланд (3:0) и победа над Украина во Скопје (1:0). Во Групата 3 покрај Македонија партиципираат и селекциите на Исланд, Шкотска, Северна Ирска, Франција и Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
