Млада италијанска одбојкарка пронајдена мртва во Истанбул
Една од најперспективните италијански одбојкарки Јулија Итума го загуби животот откако во средата вечер паднала од хотелска соба во Истанбул, по реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампиони меѓу домашниот тим Езачибаши и Новара, објави денеска весникот Тутоспорт.
Италијанските медиуми наведуваат дека турските истражни органи ги истражуваат деталите околу несреќата, додавајќи оти 18-годишната Итума настрадала под неразјаснети околности.
Итума беше во составот на италијанскиот тим Новара, кој синоќа загуби на реваншот во Истанбул со 3-0.
Турскиот тим избори пласман во финалето на Лигата на шампиони, бидејќи Новара на првиот дуел го совлада Езачибаши со 3-2.
Итума беше дел од италијанската репрезентација до 19 години која во септември лани во Скопје ја освои титулата европски првак, совладувајќи ја Србија со 3-2 во финалето во салата „Борис Трајковски“.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска