-->
-->
МКФ со отчет за сработеното, повик во репрезентацијата и за ветераните
-->

Македонската кошаркарска федерација, денеска на средба со новинарите даде отчет за сработеното во изминатата една година, откако раководењето со федерацијата како претседател го презеде Петар Наумоски.
Откако потпретседателот Пенов го елаборира извештајот, односно сработеното во изминатата година, претседателот Наумоски објасни зошто во Кина македонската репрезентација ќе настапи со комбинирана состав во кој ќе има седум млади домашни кошаркари, четворица Американци и српскиот интернационалец Ратко Варда.
„Целта не ни беше да носиме странци, туку да им дадеме шанса на нашите млади играчи за да го покажат својот квалитет пред селекторот. Но, по откажувањето на голем дел од репрезентативците, поради повреди или лични проблеми, не можевме да го откажеме гостувањето во Кина бидејќи тоа ќе донесеше големи последици за нашата федерација. Сакавме да направиме некој компетитивен тим и затоа се тука тие странци“, потенцира Наумоски.
Воедно тој ги објави и имињата на четворицата Американци, кои ќе го носат црвено-жолтиот дрес на турнирите во Кина, а тоа се Хавиер Тимс, Џефри Њубери, Дајрел Хауард и Џовани Де Вудс.
Меѓу нив требало да се најде и 213-сантиметри високиот Тод О'Брајан, а за кој МКФ размислува да го ангажира како натурализиран кошаркар, но поради семејни причини го откажал својот настап.
Воедно Наумоски уште еднаш нагласи дека за претстојните евро-квалификации во националната селекција ќе бидат повикани буквално сите македонски играчи, притоа не отфрлајќи ја можноста, во тимот повторно да се вратат и ветераните, Димитар Мираковски, Ѓорѓи Чековски, Бо Мекејлеб и Перо Антиќ.
„Селекторот контактира апсолутно со сите играчи кои му се на располагање, а меѓу нив се и Чековски, Мираковски, Мекејлеб, па и Антиќ. Од сите со кои беше разговарано, само Самарџиски откажа и тоа поради здравствени проблеми“, изјави Наумоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта
-

Во железничка несреќа во Чешка повредени 57 луѓе
-

Мицкоски: Добар одѕив за ваучерите за електронски уреди, до вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите
-

Јаневска: Ваучери за е-уреди се наменети само за студенти на додипломски студии
-

Пронајдени 10 мигранти, приведен 24-годишник од Албанија
-

Мицкоски за судењето за „Пулс“: Исклучувам секакво политичко мешање од страна на Владата во процесот
-

Меѓународен ден на детето: Со мировно образование до праведно и инклузивно општество
-

Уставниот суд поведе постапка за линеарнотo зголемување на пензиитe
