Мјанмар и Бангладеш потпишаа договор за враќање на бегалците Рохинџи

Мјанмар и Бангладеш потпишаа Меморандум на разбирање за големата бегалска криза на муслиманската заедница Рохинџи.
Армијата на Мјанмар со месеци врши операции во областа Ракајн, каде живеат повеќето Рохинџи и досега околу 600.000 лица побегнаа во соседен Бангладеш да се заштитат од армиските акции.
Според Меморандумот, Мјанмар се обврзува што поскоро да ги прими назад бегалците сместени во камповите во Бангладеш. Обврска на бегалците и на властите на Бангладеш е да ги испратат формуларите за регистрирање на бегалците во Мјанмар.
Најавата доаѓа откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека состојбата во Мјанмар претставува етничко чистење на Рохинџите.
И пратеничката на Обединетите нации Прамила Патен оцени дека насилството на армијата на Мјанмар врз Рохинџите претставува злосторства против човештвото и геноцид.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
