Митрополит г. Петар: Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага

Во Преспанско-пелагониската православна епархија, утрово во сите храмови на епархијата, на празникот Младенци, се богослужат заупокоени свети литургии за упокоените и вечно живи пред Христа Господа, а за оние кои се лекуваат, се богослужи молебен за нивно побрзо закрепување и оздравување.
- Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага, Бог да ги прости упокоените од трагедијата во Кочани и да им подари рајска населба, а на болните здравје, закрепнување и оздравување, порача митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.
Тој посочи дека нашата татковина Македонија и Македонската православна црква изгубија дел од својата иднина, како што рече, изгуби млади садници и фиданки, што требаше допрва да се разгрануваат. - Од нашата автокефална Македонска црква и нашата самостојна и суверена татковина Македонија глас се слуша, ридање и пискот голем, зашто плачеме над своите чеда и не можеме да се утешиме зашто ги нема. Со нашите молитви да испливаме и да ги надминеме сите овие искушенија и темнини што се надвиснале над нас, а на оние што се борат за живот и се лекуваат во болниците на нашата држава и во болниците ширум светот, Господ Лекарот над лекарите, да ги исцели и да ги подигне од нивните болеснички постели, истакна митрополитот г. Петар.
Празникот Младенци кој секоја година масовно се одбележува во битолскиот манастир посветен на Светите четириесет Битолски и севастополски преподобни маченици, но синоќа традицијата кај месноста Кркардаш мина низ молк со палење свеќи во манастирскиот комплекс над Битола.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
