Митрески: Земјата за 3 години од изолација ја донесовме во НАТО
За три години успеавме да донесеме историски одлуки без кои немаше пред некој ден да ја имаме свечената седница за членство во НАТО, рече координаторот на СДСМ Jован Митрески во последното свое обраќање по повод распуштањето на Собранието.
- Нашата држава ја вративме на прав пат од изолација во меѓународно признаената и етаблирана. На изборите на 12 април граѓаните ќе можат да изберат меѓу две политики. Едната е СДСМ која нудат просперитет и благосостојба, а за другиот избор не сакам ни да коментирам сите знаеме што значи, рече Митрески.
Тој испрати апел до сите партии, институции и граѓаните да дадат свој придонес изборите на 12 април да бидат перфектни, кристално чисти и регуларни со цел да покажеме, како што рече дека сме европска држава.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче