Митрески: Опозицијата повторно нека ги поднесе интерпелациите за Николовски и за Маричиќ

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески денеска ги повика пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно да ги поднесат интерпелациите за вицепремиерот Љупчо Николовски и за министерот за правда Бојан Маричиќ, бидејќи сега не можат да бидат ставени на дневен ред на седница откако опозицијата побарала нивно повлекување од 36. седница.
-На координациите и јавно од пленарна сала кажав на последиците од тоа што бараат тие да се случи за денес да бидеме обвинети дека сакаме да ја замолчиме опозицијата. Ќе повторам, денес нека поднесат пак интерпелации како што е по Деловникот и ќе бидат ставени на седница и за нив ќе дискутираме на ден што тие ќе го одредат. Кажувам јавно сум кажал на координации и секаде нека определат тие ден кога сакаат да ги разгледуваме интерпелациите, досега во овој мандат имаше една интерпелација на министерот Димитров што беше поставена на една од седниците, рече Митрески.
Интерпелациите, како што објасни тој, повикувајќи се на Деловникот, се разгледуваат на првата наредна седница после одредувањето на рокот за да одговорат министрите.
– Тој дел е јасен правно нема никакви дилеми и нема ништо поразлично од она што го кажа претседателот Џафери, а тоа го знаат и другите координатори на пратенички групи, рече Митрески додавајќи дека опозицијата барала од 36. сдница, на која се гласаше петиот пакет антикризни мерки, да бидат тргнати како точки од дневен ред двете интерпелации.
Досега, рече тој, во триесетгодишната работа на Собранието, никогаш немало опозиција или кој било друг пратеник да достави интерпелации и потоа да бара таа да биде тргната од дневен ред.
Ново на Сител
-

СВР Битола апелира битолчани да не наседнуваат на телефонски измами
-

ОЈО: Истрага за сообраќајната несреќа во која загина велосипедист
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
-

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Росоман
-

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
-

Родител пријавил дека неговата малолетна ќерка била допирана додека била на училиште
-

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
