Македонија
19. October 2025 - 21:58

Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци

Кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци Митко Јанчев објави победа уште во првиот круг.

-По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати!

Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати!

Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија!

Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте!

Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот.

Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа!

Продолжуваме уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност.

Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех!

За Кавадарци, за Македонија, со срце и душа!, пишува Јанчев во својата објава на Фејсбук.