Митева: За службени трошоци Владата лани потрошила пари колку за 5 амбуланти возила
За службени трошоци Владата минатата година потрошила пари колку за 5 амбуланти возила или за реновирање на цело училиште. 270.000 евра за една година се потрошени за скапи летови, услуги по вип салони, гоштевања по кафеани и ресторани во земјата и во странство од страна на министрите и премиерот. Премиерот и министрите потрошиле 270.000 евра за луксуз, во ек на постковид, економска и енергетска криза.
Имено само во ек на Ковид кризата десетици наши сограѓани ги загубија животите поради недостатокот на соодветна опрема на голем број на здравствени институции. Сите се сеќаваме на случајот од Кратово пред една година, кога лекарите носеа човек на раце до здравствен дом затоа што возилото на брзата помош не можело да се пробие низ снегот. Да, овие пари наместо за гозби по вип салони можеле да се пренаменат за купување на соодветни амбулатни возила, повеќе од 5 амбулатни возила можело да се купат, доколку министрите и премиерот се откажеле од своите привилегии.
Со 270.000 евра колку што за една година потрошиле министрите и премиерот можеле да се обезбедат и 3 противпожарни возила, за пожарникарите наместо со возила стари 40 години да можат својата работа да ја вршат со нови функционални возила. 270.000 евра доколку не се потрошеле за патувања на владините функционери, би биле сосема доволни целосно да се реконструира училиште или можеби пак учениците ќе ги имаа потребните учебници на време. Со 270.000 евра владата можела да изгради систем од фотоволтаични панели на некој од претпријатијата кои тонат во долгови за струја.
Но наместо за инвестиции или подобрување на животот на граѓаните, Владата без срам потрошила 270.000 евра за патувања и угостителски услуги. Имено, да потсетиме дека и тогаш како и сега уверуваа дека продуктивните трошоци се сведени на максимум, а непродуктивните на минимум. Секоја година плус со оваа влада значи минус за Македонија.
Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Муцунски: Една од иицијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство
-

ОЈО: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин
-

Владика кој твита, слика и учи за животот - Дали верата ја ограничува слободата? | Европски Митрополит Пимен | Sitel Podcast 126
-

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
-

Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз
-

Вкупно 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб “Пулс”
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
