Митева: Самопрогласените европјани СДС и ДУИ, добија потврда од Стејт департментот дека се вплеткани во големи криминали и корупција
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со тематски трибини на кои што ќе зборуваме за актуелните случувања и она што навистина ги загрижува граѓаните на Македонија а тоа е високиот степен на криминал и корупција кои што владее, овој пат под слоганот Пораки од реалниот живот, затоа што она кое што го презентира власта нема никаква врска со реалноста и со секојдневието со кое што граѓаните во Македонија се соочуваат поради криминалот и корупцијата на власта, вели Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во организација на партијата насловена „Криминал и корупција“.
Митева изјави дека случајот за струшкиот градоначалник од ДУИ Рамиз Мерко и ставањето на црната листа на САД всушност покажува дека токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот.
И она што можеме со сигурност да го кажеме е дека случајот Мерко ни покажа како вистински владеат СДС и ДУИ и денес да се биде криминалец во Македонија најверојатно е најлесната работа која што може да се направи, затоа што токму врвот на власта е тој кој што го стимулира и подржува криминалот и корупцијата, наместо да се бори против истиот, кажа Митева.
Митева нагласи дека одлуката на Стејт Департментот го потврди криминалот и корупцијата во владата на СДС и ДУИ.
Она што Стејт Департментот го потврди е ставањето на Рамиз Мерко на црната листа на САД, уште еднаш покажа дека криминалот и корупцијата во врвот на ДУИ и СДС се приоритет и дека таму има луѓе кои што навистина сериозно се занимаваат со поткопување на Македонија.
Митева појасни дека ваквите криминални дејанија од СДС и ДУИ всушност ја рушат нивната фраза дека се европјани, туку како што рече тоа се луѓе кои што се вплеткани во големи криминалии и корупција.
Само прогласените европјани СДС и ДУИ кои што континуирано веслаат на таа фраза во јавноста, добија потврда дека се далеку од европјани, туку дека се навистина луѓе кои што се вплеткани во големи криминалии и голема корупција, смета Митева.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
