Митева: Новото задолжување од речиси милијарда евра не е за развој, туку за покривање дупки
Неодговорноста, неспособноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ ја турнаа Македонија во економски колапс. Последната најава за ново задолжување од речиси една милијарда евра само го потврдува тоа. Патем ова задолжување кое го најавува власта не е за развој, не е за изградба, не е за нови капитални инвестиции, туку за покривање на дупки и обезбедување на ликвидност.
Тоа е поразително.
Според информациите во јавноста власта ќе побара од ММФ 900 милиони евра за сервисирање на основните обврски, поради катастрофалната состојба со буџетот. Досегашната состојба со долгот и така беше катастрофална, а сега уште повеќе ќе се влошува. Ако долгот до сега беше над 60% од БДП, сега со новите задолжувања ќе се зголеми на над 63%. Годинава ја почнавме со надминување на психолошката граница од над 7 милијарди долг, а веројатно до крајот на годинава ќе се доближиме до нова психолошка граница од над 8 милијарди евра долг.
Оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно. Кога дојдоа на власт долгот изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега галопирачки достигнува над 8 милијарди евра. Само во последните три години генерираа нов долг кој е еквивалентен на 1.250 евра по граѓанин.
Во исто време ја заковаа Македонија на дното од земјите во регионот по странски директни инвестиции, реализација на капитални инвестиции и раст на БДП нема. Со други зборови се што собраа од даноци и се што се задолжија отиде на покривање на елементарни државни функции и на многу криминални тендери, физибилити студии, непродуктивни трошоци за службени возила, позлатени прибори, фстаци, режани цвеќиња, жардињери, мебел и слични луксузи.
Почитувани,
Ова мора да престане. Ваквата состојба мора да се смени. Тоа е можно само со нови предвремени избори кога главните виновници за економскиот колапс, СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тоа што потекнувам од мала земја беше мојот поттик да успеам | Славчо Темелковски | Sitel Podcast 114
-
ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк
-
ЦУК: Под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, изгаснати 10 пожари
-
Следните два дена ќе се одвива авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на град Скопје
-
Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат и пред крај на војната
-
Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година
-
Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата
-
Газета дело спорт: Ѓоковиќ се пресели во Атина