Митева: „Дрисла“ загадува и дишеме загаден воздух поради согорувањето на отпадот кој што е складиран, а Шилегов молчи
„На 20.01.2020 година Петре изјави:
„Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла“ ќе одговара Град Скопје и јас лично како ваш градоначалник.“
Но, одговорноста ја нема, денес имаме утврдени "нови" неправилности...Во процедурите за издавање на А-интегрирана дозвола за одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“ учествувал и Инспекторатот за животна средина. И ова граѓаните го дознаваат само неколку часа откако Шилегов и Петровска станаа противкандидати за Град Скопје. Додека коалицираа, како што кажа денес Петре, имале многу добра соработка. Може да се постави и контра тезата дали ова е нивна нова игра...
Нејсе, „Дрисла“ загадува и дишеме загаден воздух поради согорувањето на отпадот кој што е складиран, а Шилегов молчи. Загадувањето во главниот град и натаму е сериозен проблем за сите нас! Се почитуваат ли законите и стандардите кои треба да бидат во согласност со европските регулативи?“ , напиша на својот ФБ профил Митева.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
