Мистериозна патничка остави необична порака за нејзиниот сопатник

Додека поголемиот број патници во авионите вообичаено се жалат на луѓето покрај себе, една жена решила да му го разубави денот на нејзиниот сопатник Алан Хигинс.
Додека Хигинс не гледал мистериозната патничка покрај неговото седиште оставила порака што го воодушеви светот.
- Се надевам дека ќе имате навистина убав ден. Се надевам дека знаете дека вредите, дека сте посебен и сакан. Се ќе биде в ред. Денес и секогаш. Мислам на вас! Патничката од седиштето 5Ф, пишувало во пораката.
Хигинс, кој патувал од Камбера до Бризбејн, за News.com.au изјави дека пораката го расположила.
- Ме разнежи начинот на кој таа го направи убавиот гест што не го очекував. Се надевам дека следната личност која седнала на седиштето 5Ф уживала во пораката, како што уживав јас, изјави тој.
На својата страница на Фејсбук пораката ја објави и авиокомпанијата „Вирџин Остралија“, појаснувајќи дека таа била оставена во списанието кое се наоѓало покрај седиштето на Хигинс.
Потпаролот на компаниајта рече дека децата вообичаено знаат да пишуваат и цртаат мали спомени за пилоти или за екипажот на авионот, што им го прави денот убав.
По објавувањето на приказната, австралиските медиуми тргнаа во потрага по мистериозната жена.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
