Мистериозен феномен во Сибир: Џиновски снежни топчиња осамнаа на плажа
Во оддалеченото село Нида во Сибир, Валериј Того со камера забележа илјадници и илјадници природни џиновски снежни топки кои ги формираше необичната временска појава.
Соработката на ветрот, водата, мразот и студот доведе до појава на ваков редок феномен во кој се формираа речиси совршени топки кои прекрија километри и километри на брегот на Обскиот залив во Арктичкиот круг.
Жителите на Нида не навикнале на метеролошки изненадувања, се додека со сопствени очи не го видоа бескрајното поле снежни топки.
-Како некој да ги истурил тука, вели еден жител кој како и другите е видно изненанден од тоа како се совршено обликувани топките, некои со големина на тениски топчиња, а други доволно големи со нив да се направи Смешко, и сето тоа настанало природно.
-Топчињата се со различна големина, од мали до олкави, и се протегнуваат на површина од 18 килограми, велат тие.
Според зборовите на научниците, на мајката природа не и е потреба човечка помош за да направи вакви совршено мазни и ладни топчиња.
-По правило прво се појавува примарниот природен феномен - лигав мраз, лапавица, објаснува стручњак од Институтот за истражување на Арктикот и Антарктиткот, пренесува Би Би Си. Водата од високите бранови потоа се леди преку овие искршени делови, а потоа ветерот ги мазни рабовите, обликувајќи ги во сферични топки.
Тоа е се што е потребно за совршено „бојно поле„ за најдобра игра со снежни топчиња, било кога.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст