Мислел дека ќе стане татко на петорка, но на денот на „породувањето“ ја дознал вистината
Еден Канаѓанин мислел дека ќе стане татко на пет деца, но наместо тоа го дочекало многу непријатно изненадување. Имено, неговата девојка, која му кажале дека е трудна и на која стомакот навистина и пораснал, воопшто не била трудна.
Тие тоа го дознале кога отишле во болница за девојката да се породи.
Тој 34 недели бил убеден дека неговата девојка на свет ќе донесе пет бебиња. И тој не е единствениот кој верувал во тоа. Целиот град мислел дека жената е трудна, а многумина донирале пари и работи за бебињата. Дури кога парот отишол во болница на „пораѓај“, дознале дека бебиња воопшто нема.
Всушност, никогаш не ни имало. Докторите му објасниле на Серват дека неговата девојка имала „фантомска бременост“. Тоа е психијатриско пореметување, до кое доаѓа кога жената толку силно верува дека е трудна, што нејзиното тело почнува да се однесува така. Затоа нејзиниот стомак отекол како да е трудна, имала утрински мачнини а дури почнала и да лачи млеко.
- Бевме толку среќни. Дури и моите родители, толку се радуваа на внуците. Го изгубив целиот живот, вели овој несреќен човек.
Девојката моментално се наоѓа на психијатриско лекување, бидејќи тоа е единствениот начин жените со вакви симптоми да се вратат во нормален живот.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба