Мишустин: До утре ќе се заврши со планот за борба против коронавирусот
Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска издаде наредба до крајот на утрешниот ден да се подготви планот со приоритетни акции заради ширењето на коорнавирусот.
-За стабилно функционирање на економијата наредувам да подготвите план за приоритети до крајот на вторник, што ќе ги подразбира следните мерки: прво, мерки за подршка на секторот трговија, што ќе ни овозможи да создадеме прилично солидна понуда на неопходни стоки. На продавниците мора да им бидат достапни помали заеми за да се решат овие проблеми, рече Мишустин, пренесе Тасс.
Според него, неопходно е да се поедностави процесот на набавки како на домашни, така и на странски производи.
-Од утре во следниот еден месец треба да отстранат ограничувањата во внатрешните градски линии за превоз на малопродажните синџири, а исто така ќе отвори и зелен коридор кај царината за прехранбени и непрехранбени стоки, кои ќе ги купуваат големите трговски синџири, како и увозниците, рече Мишустин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија
-
Студентите ќе ги учат вработените во МОН
-
За 3 дена, 3 жртви во 2 сообраќајки на истокот
-
82 годишнина од депортацијата на штипските евреи
-
Интерепалции: За СДСМ напад на уставниот поредок, за ВМРО-ДПМНЕ чистење од партиски кадри
-
Членовите на Судски совет се уште не одлучиле дали ќе присуствуваат на собраниската седница за нивна интерпелација